Драматичниот ден со реванш натпревари во првото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите заврши со три меча по продолженија, што е половина од вкупниот број на дуели што се играа во текот на денешниот ден.
И на сите три имаше голови во последен миг, а најдраматично беше во Грузија, во Северна Ирска и во Романија.
Потоа имаше големи возбудувања и на мечот меѓу Линфилд и ТНС, каде домаќините постигнаа гол во 94. минута за победа во реваншот и нови продолженија поради израмнет вкупен резултат 1:1.
Голот на Џејми Мулгрејв беше прекрасен и значеше спас во последен час за Линфилд, екипа која потоа и победи со 2:0 по продолженијата и се пласира во второто квалификациско коло.
Погодокот на Мулгрејв во 94. минута можете да го погледнете ОВДЕ.
Големи возбудувања имаше и во Романија на мечот меѓу Клуж и Пјуник. Гостите израмнија на 1:1 со гол во 89. минута, па и тука се играа продолженија, а потоа и во дополнителното време од 30 минути, Пјуник пак се извлече со погодок во претпоследната 119. минута и мина понатаму на пенали со победа од 4:3.
Од денешните мечеви понатаму одат Слован, Бодо Глимт, Ференцварош, Марибор, Пјуник и Линфилд.