Страшна бомба во 94. минута и голови во последен миг приредија невидени драми во квалификациите за ЛШ (Видео)

Драматичниот ден со реванш натпревари во првото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите заврши со три меча по продолженија, што е половина од вкупниот број на дуели што се играа во текот на денешниот ден.

И на сите три имаше голови во последен миг, а најдраматично беше во Грузија, во Северна Ирска и во Романија.

Слован Братислава со пресврт во последен момент и голови во 115. минута на Тигран Барсегјан и во 123. минута на Владимир Вајс го елиминира Динано Батуми со 2:1 по продолженија.

Потоа имаше големи возбудувања и на мечот меѓу Линфилд и ТНС, каде домаќините постигнаа гол во 94. минута за победа во реваншот и нови продолженија поради израмнет вкупен резултат 1:1.

Голот на Џејми Мулгрејв беше прекрасен и значеше спас во последен час за Линфилд, екипа која потоа и победи со 2:0 по продолженијата и се пласира во второто квалификациско коло.

Погодокот на Мулгрејв во 94. минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Големи возбудувања имаше и во Романија на мечот меѓу Клуж и Пјуник. Гостите израмнија на 1:1 со гол во 89. минута, па и тука се играа продолженија, а потоа и во дополнителното време од 30 минути, Пјуник пак се извлече со погодок во претпоследната 119. минута и мина понатаму на пенали со победа од 4:3.

Од денешните мечеви понатаму одат Слован, Бодо Глимт, Ференцварош, Марибор, Пјуник и Линфилд.

- Оглас -

Најнови вести