Страшна повреда на хокеј меч, пакот ја погоди новинарката директно во око

Хокејот дефинитивно е еден од поопасните спортови за играње. Овојпат се покажа дека тој може да биде многу опасен и за тие кои го гледаат. На дуелот од првенството на Словачка меѓу Банска Бистрица и Попрад се случи еден бизарен инцидент.

Пакот летна надвор од теренот и заврши директно во окото на една новинарка која седела во незаштитениот дел помеѓу двете клупи. Барбора Жиачикова немаше воопшто среќа, па пакот кој летна ја удри директно во десното око. Новинарката ведаш била оперирана, но неизвесно е дали ќе може повторно да гледа на десното око.

 

 

- Оглас -

Најнови вести