Страшна судбина на НБА ѕвездата: Дури 7 членови на семејството му починале од корона-вирус

Оваа 2020 година е неверојатно малерозна за ѕвездата на Минесота тимбервулфс, Карл Ентони Таунс. Тој откри дека како последица од корона-вирусот, годинава му починале дури седум лица од семејството, меѓу кои и мајка му Жаклинкоја имаше 59 години.

Последен во низата починати роднини на 25-годишниот центар е неговиот вујко. Кошаркарот последниве месеци минува низ пекол, се изнагледа ковчези со мртви луѓе кои му биле блиски, а најголема трагедија беше во април кога почина неговата мајка. И татко му бил позитивен на ковид-19, но за среќа, успеал да се излечи.

- Оглас -

Најнови вести