Голема и страшна трагедија се случи денеска во африканската држава Сомалија, едно комбе беше запалено и кренато во воздух, а во него имало фудбалски тим од градот Кисмајо, кој е на 500 километри јужно од престолнибата Могадишу. Изгореле најмалку осум лица од кои четворица се фудбалери, а има и тешко повредени.
Има две верзии за несреќата: прво, дека комбето налетало на бомба која била ставена на патот и била активирана од далечина, и второ, дека фудбалерите ги убил бомбаш самоубиец од милитантмата група Ал Шабаб.
Жртвите патувале кон град во кој требало да играат на локален турнир.
https://twitter.com/i/status/1421118149618028545