Страшна трансформација на Шек (фото)

Шекил О’Нил изненади со својата трансформација во телото. Некогашната ѕвезда на ЛА лејкерс и четирикратен првак во НБА се пофали дека намалил 10 килограми со примена на строга диета и редовно вежбање во теретана.

„Смртта на сестра ми и мојот брат Коби многу тешко ги поднесов. Тоа беше навистина лоша година, буквално немав мотив за ништо и бегав од проблемите. Но, сфатив дека не е во ред што се запоставив. Ја сменив исхараната, нема повеќе леб и слатки, туку само овошје, зеленчук, протеини… Тоа ми помогнам да намалам 10 килограми“, истакна популарниот Шек.

49-годишната кошаркарска легенда благодарение на редовното вежбање во теретана, се врати на својата форма од играчкиот период, самиот Шек е изненаден што стомачните мускули му се појавија првпат во изминативе 15 години.

„Стомачни мускули немав уште од времето кога играв за Мајами“, додаде О’Нил.

- Оглас -

Најнови вести