Страшно: Моментот кога навивачот на Келн падна од трибина (Видео)

Дуелот меѓу Ница и Келн ќе се памти по големит еинциденти кои ги направија навивачите на двата тима, посебно тоа што се случуваше пред почетокот на мечот. Илјадници фанови на Келн допатуваа во Франција и тоа како да беше најава дека може да има нереди.

Уште пред почетокот на мечот имаше инциденти, кои излегоа од контрола Навивачите се тепаа, беа фрлени многу факели и искршени столчиња.

Најлошо помина еден навивач на Келн кој во еден момент падна од горниот дел од трибината и остана неподвижен на долниот дел од другата трибина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести