Страв од Јувентус, или добар резон – Лион бара француската лига да биде приоритет

Жан Мишел Ола, првиот човек на Лион има интересен предлог и вели дека во продолжението на сезоната клубовите од Франција треба да играат само во Лига 1 и во останатите домашни лиги, а да ги отфрлат натпреварите во домашниот куп и сите меѓународни натпревари, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Збучи малку и чудно барањето на Ола, ако се знае дека Лион треба да го игра и реваншот од осминафиналето во ЛШ против Јувентус и има солидна позиција и предност од 1:0 по победата на домашен терен.

„Треба да бидете храбри и да донесете вистинска одлука. Отфрлете ја Лигата на шампионите, финалето на домашниот куп и сите меѓународни натпревари. Концетрирајте се само на Лига 1. Ако сакаме да ја спасиме и лигата и клубовите мораме да го завршиме домашното натпреварување до 30. јуни“, изјави Ола.

На Лион му следи гостување во Торино, ако епидемијата со Коронавирусот стивне и дозволи Лигата на шампионите да продолжи, а поради ситуацијата со вирусот во Франција, неизвесно е и кога ќе продолжи натпреварувањето во Лига 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести