Натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Ајнтрахт Франкфурт е означен како меч од највисок ризик од УЕФА и француската полиција.
Стравувањата за коишто вчера пишувавме се остварија и на улиците во Марсеј имаше големи нереди.
Според информациите, има неколку повредени навивачи од тепачката, а над осум илјади навивачи на Ајнтрахт се во Франција, каде што само три илјади имаат влезници за на „Велодром“.
Средбата се игра вечерва од 21 часот.
France. 12.09.2022
Street clash between Marseille and Eintracht Frankfurt the night before the game. pic.twitter.com/z6FQAONVLW— HooligansTV (@HooligansTV_eu) September 12, 2022