Мечот од ЛШ е „темпирана бомба“ – УЕФА и полицијата стравуваат од големи нереди

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Олимпик Марсеј и Ајнтрахт Франкфурт којшто е закажан за утре од 21 часот е „темпирана бомба“.

УЕФА и француската полиција овој меч го рангираа како меч од највисок ризик а се очекува пристигнување на над осум илјади навивачи од Германија, од кои дури пет илјади од нив немаат карта за средбата.

Пред само неколку дена имаше нереди меѓу француските и германските навивачи и тоа на средбата меѓу Ница и Келн, каде што дури имаше и пад на навивач од горната на долната трибина.

 

- Оглас -

Најнови вести