19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Стрелецот на голот за Лудогорец: „Не ја потценивме Шкендија, едноставно беа подобри од нас“

Лудогорец како голем фаворит дојде во Скопје, но си замина со минимален пораз од Шкендија. Шампионот на Бугарија прв дојде во водство преку Дерој Дуарте, а токму репрезентативецот на Зелено’ртската Република по мечот го анализираше поразот од Шкендија.

„Не притиснавме како што требаше по првиот гол. Шкендија ни направи доста контри, тоа им влеа самодоверба. Секогаш има притисок, но денес не беше ништо посебно. Едноставно не бевме доволно добри. Многу често ја губевме топката. Тие добија самодоверба, а имаат и добри играчи. Не го потценивме противникот, барем така мислам. Едноставно не бевме доволно добри. Можеме да најдеме многу оправдувања, но Шкендија беше подобриот тим. Најпрво не треба толку често да ја губиме топката. Сакаме да бидеме поагресивни, да покажеме повеќе квалитет и со поддршката од навивачите да продолжиме понатаму“, рече Дерој Дуарте по поразот на Лудогорец од Шкендија со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести