Стрелниекс не стрелаше прецизно до крај, лидерот падна во Виторија (Видео)

Басконија успеа да ја победи ЦСКА Москва со 95:93 во драматичен финиш во дербито на 18. коло во Евролигата, а трагичар беше Летонецот Стрелниекс со промашено слободно фрлање на 9 секунди до крај.

При резултат 94:91 за Басконија, Стрелниекс мудро го намести Полонара на фаул за три слободни фрлања, но погоди само две. Го утна последното и драмата продолжи, кога на спротивната страна и Јусуфа Фал погоди само едно слободно фрлање.

Последниот напад го имаа гостите, кои се лидери во Евролигата, но Мајк Џејмс не успеа да погоди за продолженија.

ЦСКА го доживеа четвртиот пораз во 18 кола, но остана на првото место пред шпанското дуо, Реал Мадрид и Барселона.

Басконија ја забележа деветтата победа и се проби на 9. место на табелата. Вечерва во шпанското дерби Барселона беше подобра од Валенсија и славеше со 89:72.

Резултати: Црвена Ѕвезда – Фенербахче 71:73, Алба – Макаби 73:85, Панатинаикос – Зенит 77:89, Басконија – ЦСКА 95:93, Барселона – Валенсија 89:72.

 

- Оглас -

Најнови вести