Струга лесно и набрзина ги скроти Лавовите

Со три гола во првото полувреме, Струга Трим Лум со 3-0 ја победи Македонија Ѓорче Петров во првиот меч од третиот круг од 11 кола во Првата македонска фудбалска лига.

Хамза го отвори резултатот, кога топката одвај ја мина гол-линијата, и потоа на домашните им беше полесно. Бојку и Јевтоски беа стрелци на вториот и третиот гол со кој беше запечатена судбината на Лавовите.

Сега стружани се трети со два бода помалку од второпласираната Шкендија, но тетовци имаат и еден меч помалку. Ѓорчепетровци се деветти во моментов, во последните десет кола им претстои битка за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести