Струга ТЛ со „романтична“ победа го искористи ремито на Шкупи и му избега на четири бода на врвот на табелата

Фудбалерите на Струга Трим Лум славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Работнички во еден од најинтересните натпревари од 24-то коло во Првата македонска фудбалска лига.

Со победата, Струга ТЛ остана на лидерската позиција на табелата со 46 бода, четири повеќе од шампионот Шкупи кој ремизира на гостувањето кај Академија Пандев играјќи 1:1.

Единствениот гол го постигна Христијан Малески во 28-та минута.
Шампионот Шкупи направи чекор наназад во трката за шампионската титула играјќи 1:1 на гости кај Академија Пандев.

Шкупи поведе со голот на Гаги Маргвелашвили, додека Пандевци израмнувачкиот гол го постигнаа 11 минути пред крајот и тоа преку Велинов од белата точка.

Горан Симов на најдобар можен начин дебитираше на клупата на Македонија ЃП, Лавовите остварија минимален триумф на гостувањето кај Тиквеш. Единствениот гол го постигна Фазли во 67-та минута.

Најубедливата победа ја оствари Силекс кој со 1:5 славеше на гостувањето кај последнопласираната Победа.

Резултати
: А. Пандев – Шкупи 1:1 Победа – Силекс 1:5, Работнички – Струга ТЛ 0:1, Тиквеш – Македонија ЃП 0:1.

- Оглас -

Најнови вести