Струмичанец и аеродромец експерти за Лига на шампиони, фатени луди квоти

Во скопски Аеродром уплатен е тикет кој многумина не би го уплатиле, но овој прогнозер веруваше во чуда и тоа му се исплатеше. Со уплата од 100 денари, тој само за два погодоци, доби 79.050 денари.

На тикетот е играно 2-2 & 2+ за мечот Реал Мадрид – Шериф. Светот беше во шок кога молдавскиот тим го даде победничкиот гол во судиското продолжение, а кај овој прогнозер донесе голема радост. Квотата за оваа игра беше дури 51.

Истата игра, победа на гостите со водство и на полувреме и барем два гола на мечот има и за Лајпциг – Бриж. Таму белгискиот тим губеше, но направи пресврт до крајот на првото полувреме и до крајот резултатот остана 2-1 за Бриж, што значеше погодена квота од 15.50 и добитен тикет кој вреди да се најде во топ тикети деновиве.

БИТОЛЧАНЕЦ СО ФЕНОМЕНАЛЕН ТИКЕТ СО МЕЧЕВИ ОД ПОНИСКИТЕ АНГЛИСКИ ЕШАЛОНИ

Во објектот Битола 2, играч кој уплатил 30 денари во Sport Life има добивка од 158.681 денари. На тикетот се четири меча играни во вторникот. Додека многумина чекаа мечеви од ЛШ, овој битолчанец беше позаинтересиран за мечевите кои се играа на терени во Англија. За негова среќа, со мало вложување, доби многу.

Добитната комбинација беше Т1 2+I&1+II, квотите се огромни, од 7 до 10, а одбраните мечеви се Милтон Кејнс – Флитвуд, Оксфорд јунајтед – Акрингтон, Јунајтед оф Манчестер – Скарборо и Сандерленд – Челтенам.

СО 100 ДЕНАРИ УСПЕА ДА УЛОВИ 500.000 ДЕНАРИ!

Добивка од 501.222 денари со уплата од 100 денари заслужи еден прогнозер кој уплатил тикет во објект на Sport Life во Струмица и точно типувал на мечеви од Лигата на шампионите во фудбал.

На тикетот на струмичанецот се шест меча, но квотите се од 2.95 нагоре, затоа и добивката е над половина милион денари. Тој погодил разни комбинации кои му донесоа огромна добивка. За Салцбург – Лил, Волфсбург – Севилја и Бенфика – Барселона играл дека ќе има 0-1 гол во прво и 2-3 гола во второ полувреме.

За Јувентус – Челзи и Манчестер јунајтед – Вилјареал типувал победи на домашните, со нерешено на полувреме, додека за триумфот на Баерн над Динамо Киев погодено е дека во прво полувреме ќе има 2-3 гола и дека Баерн ќе слави во меч на којшто ќе води и по првите 45 минути. Голот на Кристијано Роналдо во самиот финиш на „Олд Трафорд“ го направи добитен овој спектакуларен тикет.

- Оглас -

Најнови вести