Струмичани ќе ја поздрават победата и ќе ја испратат Македонија на ЕП

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, направи три промени во списокот на ракометари за квалификацискиот натпревар против Грција, кој се игра вечерва од 18 часот во салата „Парк“ во Струмица. На македонскиот национален тим му треба победа за обезбедување на пласман на ЕП 2020 како првопласирана во својата група, и немаме сомнежи дека таа цел ќе биде исполнета со поддршка од публиката и квалитетот кој го имаат нашите ракометари.

Неочекуваниот пораз на гостувањето во Кожани треба да биде мотив плус за „црвено-жолтите“ на пресметката со јужниот сосед.

Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот натпревар одигран против Турција во Ескишехир. На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото од Томислав Јагуриновски е Мартин Серафимов.

Пренос од натпреварот ќе има на ТВ Телма.

- Оглас -

Најнови вести