Македонскиот одбојкарски шампион Струмица доживеа пораз од Динамо Букурешт со 0-3 во сетови (18-25, 20-25, 19-25) во првиот натпревар од Лигата на шампионите.
Струмичани немаа одговор за одличната игра на противникот уште од самиот почеток во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, па првиот сет заврши во корист на Романците со 18-25.

Динамо ја задржа контролата и во вториот сет, а во еден момент имаше и предност од осум поени (17-9), по што го затвори сетот со 25-20.
Во третиот сет, Струмица повторно се обидуваше да ја стигне негативата, но гостите успешно го одржуваа водството од неколку поени и со 25-19 ја потврдија победата.
Реванш натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Струмица ќе се одигра на 28 октомври од 18 часот.

