Суарес и Тајсон си добија другарче – И Патрик од Лацио знае да гризе (Видео)

Патрик Габарон направи голема глупост на мечот меѓу Лече и Лацио и беше исклучен во третата минута од судиското продолжение, откако го гризна за рака Џулио Донати.

Шпанецот беше нервозен и реагираше неверојатно, па веднаш доби црвен картон. Лече го победи Лацио со 2:1 и речиси сигурно го исфрли римскиот клуб од битката за Скудетото во Серија А.

Интересно е што повторно жртва беше Донати, играч кој пред една седмица преживеа вистински нокаут откако доби директен и намерен удар со копачка в лице од напаѓачот на Сампдорија, Бонацоли.

Во светот на спортот легендарни се потезите на Луис Суарес, и тоа во три наврати, кога ги гризеше противниците, а сличен потег имаше и Мајк Тајсон на мечот со Ивандер Холифилд.

- Оглас -

Најнови вести