Луд меч на „Дел Маре“, Лече го заврши сонот за титула на Лацио (Видео)

Лече го победи Лацио со 2:1 и освои многу важни бодови за опстанок во Серија А, но веројатно и го прекина сонот за титулата на клубот од Рим.

На „Виа дел Маре“ мечот почна исклучително возбудливо, а на Марко Манкосу во третата минута му беше поништен еврогол поради игра со рака.

Веднаш потоа гостите од Рим поведоа со погодокот на Каиседо, но тоа беше сè што направија во меч што мораа да го добијат за да останат во трка за Скудетото.

Лече се разигра и Бабакар во 30-тата минута израмни, а возбудувањата продолжија. Судијата Мареска неколкупати мораше да бара помош од ВАР-системот, а по проверката во последните моменти од првиот дел, досуди пенал за домаќините.

Марко Манкосу доби зицер за да му донесе предност на Лече од 2:1, но ја шутна топката високо над голот. Сепак, со победнички гол го извади Лучиони во 47-мата минута.

Лацио се обиде да направи пресврт, но не стигна ниту до бод, со што остана на втората позиција со 68 бода, 7 помалку од Јувентус, но и со меч повеќе.

Gabriel (Lecce) great reflex save vs Lazio – 87′ min from soccer

Лече побегна од зоната за испаѓање, сега има 28 бода, еден повеќе од Џенова, но со меч повеќе.

- Оглас -

Најнови вести