Судијата не виде, но каде беше ВАР – Можеше да го убие противничкиот играч, а не доби ниту жолт картон (Видео)

Федерико Бонацоли, поранешниот младински репрезентативец на Италија, направи голема глупост на дуелот меѓу Лече и Сампдорија и може да биде дополнително казнет, иако за ударот со нога директно во лицето на противничкиот играч не доби ниту жолт картон.

Бонацоли, кој игра за Сампдорија, беше во дуел со Џулио Донати и во пад откако беше фаулиран намерно го удри со нога в лице.

https://twitter.com/marco__lecce/status/1278452446273077248?s=20

За среќа, Донати мина без сериозна повреда, а зачудувачки Бонацоли не доби ниту жолт картон иако заслужи исклучување.

Кога веќе не реагираше искусниот судија Џанлука Роки, секако дека требаше да реагираат неговите колеги во ВАР-собата и да му испратат сигнал за да го исклучи Бонацоли.

Пропустот им го коригираше искусниот тренер на Сампдорија, Клаудио Раниери. Веднаш на стартот на второто полувреме тој го извади Бонацоли од игра и го замени со Маноло Габијадини.

Сампдорија со двата презицни удари од белата точка на Гастон Рамирес го победи Лече со 2:1. Интересно е што и голот на домаќините беше постигнат од пенал, а погоди Марко Манкосу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести