Суарес се огласи за убиството на Џорџ Флојд, но фановите му го паметат расистичкиот испад

Деновиве во САД владее хаос откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од полицијата во Минесота, па и многумина спортисти даваат поддршка на протестите против расизмот и полициското насилство.

И уругвајскиот фудбалер Луис Суарес, кој настапува за Барселона, реши на „Инстаграм“ да објави црна фотографија и порака со поддршка за борбата против расизмот. Сепак, само неколку минути подоцна мораше да ги исклучи коментарите. Многу негови следбеници го критикуваа за дволичност и потсетија дека пред неколку години тој на расистичка основа го навредуваше Французинот Патрис Евра.

- Оглас -

Најнови вести