Суарес го стигаат годините, а Симеоне го носи својот син во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид е во криза, а Диего Симеоне во јануари ќе се обиде со нови засилувања да ја надмине.

Напаѓачот Луис Суарес има само шест погодоци на 16 средби во сите натпреварувања и очигледно е дека полека, но сигурно го стигаат годините.

Како негова замена, медиумите од Шпанија тврдат дека ќе дојде Џовани Симеоне, син на Диего.

Џовани е на позајмица во Верона од страна на Калјари, а на 15 одиграни средби има 12 постигнати погодоци.

Симеоне за својот син подготвен е да плати 25 милиони евра и бонуси со коишто трансферот ќе надмине над 30 милиони.

 

- Оглас -

Најнови вести