Судии кои не се среќни за Македонија ќе ја делат правдата против Чешка

Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик се шведските судии кои утре треба да ја делат правдата на дуелот Македонија – Чешка, во второто коло од Европското првенство во Виена. Овие судии не ни донесоа среќа пред точно една година, откако на Светското првенство во Минхен во клучниот меч од групната фаза, ја делеа правдата на средбата против Исланд, кога Македонија загуби со 24:22.

Македонија и Чешка ќе го отворат утрешниот ден во „Штадхале Арена“ со почеток во 16:00 часот. Во вториот дуел од нашата група, Австрија и Украина ќе играат а делители на правдата ќе бидат судијките од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести