Судиите го спасија Џошуа да не загуби со нокаут, пет секунди порано означија крај на борбата (Видео)

Олександар Усик е новиот светски боксерски првак во тешка категорија, откако со едногласна одлука на судиите го победи досегашниот владетел, Ентони Џошуа. Украинскиот боксер беше подобар во поголем дел од борбата и сосема заслужено се радуваше и тоа сред Лондон, каде Џошуа имаше поддршка од речиси 70.000 навивачи на стадионот на Тотенхем.

Усик по мечот откри дека добил совети од тренерот да боксува тактички и да не брка нокаут на противникот, но тоа можеше да се случи буквално во последните моменти од мечот. На 20-тина секунди до крајотм, двајцата борци се отворија и тргнаа во напад, а Усик започна со серија удари да го „ниша“ противникот.

Џошуа мораше да се задржи за јажињата за да не падне, а ѕвончето за крај на рундата и крај на мечот го спаси Британецот од нокаут. Сепак, кога ќе се погледне снимката, се забележува дека судиите решија неколку секунди порано да ја завршат борбата, што секако дополнително ја скрати можноста Џошуа да биде нокаутиран на свој терен, пред своите навивачи.

И покрај порано означениот крај, Усик не беше многу разочаран затоа што знаеше дека одлично избоксува, а на крајот тоа го потврдија и судиите со едногласната одлука и победата од 3:0.

https://streamable.com/f9nr6p

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести