Преседателот на судиската комисија во италијанскиот фудбал, легендарниот Никола Рицоли, оцени дека арбитрите згрешиле кога досудиле пенал за Наполи во дуелот против Фиорентина. Пред крајот на првото полувреме, при резултат 1:1, Дрис Мертенс симулираше фаул во казнениот простор на домаќините, а судијата Давиде Маса покажа на белата точка.
Маса доби потврден одговор и од одговорниот во ВАР-собата, Паоло Валери, дека имало пенал, па затоа главниот судија не побара помош од технологијата, туку дозволи да се изведе пеналот. На крајот тој пенал и погодокот за 2:1 помогнаa Наполи на крајот да слави со 4:3.
„Тоа беше грешка која никогаш повеќе не смее да се повтори. Во овој случај има нешто што не функционирало како што треба меѓу судијата и одговрните во ВАР-собата“, изјави Рицоли, кој додаде дека двајцата главни виновници за овој пропуст ќе бидат казнети.
Mertens with a clear dive, but VAR doesn't intervene. Or was Massa (head ref) too stubborn to review it? Most likely the latter. pic.twitter.com/i07YyHcTE4
— Isak Möller (@Isak_Moller) August 24, 2019
Првото коло од новото првенство во Серија А ќе се комплетира вечерва, со дуелот Интер – Лече.