Судиите прво му ја „украдоа“ титулата на Реал, па сега се извинуваат

Во еден од најинтересните финални мечеви во историјата на шпанскиот кошаркарски куп Барселона го победи Реал Мадрид со 94:93, и тоа откако мораа да се одиграат и дополнителни пет минути. Во регуларниот дел, Реал со поени во последните секунди се спаси од пораз и се избори за продолжение.

И во продолжението беше неизвесно до самиот крај. Барселона водеше со 92:87, а Реал само на четири секунди до крајот успеа да поведе со 93:92. Последниот напад беше за Каталонците, Томиќ ја доби топката, се обиде да погоди од под кошот, но беше изблокиран.

Судиите досудија дека топката прво удрила во таблата и дека блокадата е неправилна, па досудија поени за Барселона, што всушност значеше и победа во Купот. Од Реал протестираа бидејќи топката прво удри во обрачот, па во таблата, што значи дека играчот на Реал имаше право да игра со топката.

Од Реал жестоко реагираа, дури се заканија и со истапување од лигата, па веднаш стигна извинување од судиите кои си ја признаа грешката. „Признаваме дека имаше сериозни грешки во завршницата на дуелот. Ќе ги прифатиме сите одлуки од АЦБ кои се поврзани со тие грешки“, стои во соопштението на кошаркарските судии во Шпанија, кои ветуваат дека веќе нема да прават слични грешки.

 

- Оглас -

Најнови вести