Францускиот судија Жереми Пињар ја доби довербата да биде главен делител на правдата на дуелот Бугарија – Македонија во првото коло од Лигата на нациите. Мечот ќе се игра во Разград, а во оваа фаза од Лигата на нациите нема ВАР-систем, што дополнително се зголемува значењето на главниот арбитер.
Пињар има 34 години и сезонава редовно судеше во француското првенство, но кога се работи за интернационални средби, нема големо искуство. Како главен судија на меѓународна репрезентативна сцена во сениорска конкуренција има само еден дуел, и тоа пријателскиот меѓу Холандија и Летонија во квалификациите за Светското првенство во Катар. На неколку други средби бил како четврти судија, но сега во Разград ќе биде во улога на главен, и тоа само вторпат на репрезентативно сениорско ниво.