Судија, морам да проверам дали ти работи часовникот за гол-технологијата (видео)

Јувентус е на пат да ја оствари третата победа во низа бидејќи води со 1-0 во дербито против Рома кое се игра во овие моменти.

Кристијано Роналдо влијаеше врз резултатот во 13-тата минута со својот 16-ти овосезонски погодок, а по неполни 10 минути Португалецот беше блиску и по вторпат да ја затресе мрежата на Лопес.

Роналдо се најде во одлична шанса да зголеми на 2-0, меѓутоа ја погоди гредата, а топката се одби во непосредна близина на гол-линијата. Асот на Јувентус сметаше дека тоа беше доволно за часовникот да покаже дека е гол, меѓутоа немаше реакција од судијата Орсато.

И покрај тоа, Кристијано мораше сам да се увери, па тргна да го провери дали часовникот на Орсато работи.

Juventus – Roma – Ronaldo hits crossbar and asks referee to show his goal-line technology watch from soccer

- Оглас -

Најнови вести