Судија, те молам поттргни се да ја „соберам пајажината“ (видео)

Пол Лозано ќе конкурира за погодок на сезоната, барем кога во прашање е Втората шпанска лига, откако фудбалерот на Жирона забележа вистинска мајсторија во поразот на неговиот тим од 1-2 против Спортинг Хихон.

Се играше 86-тата минута кога домаќините се обидуваа да ја намалат негативата, па токму Лозано беше човекот што го стори тоа иако за момент судијата Суарес му пречеше на фудбалерот. Главниот арбитар навреме се тргна, па Лозано од околу 25 метри потегна и ја собра пајажината во подалечниот агол од голот на Хихон.

Ремек-делото можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести