Натпреварот од 19-то коло во Бундеслигата меѓу Волфсбург и Келн (1:1) во првото полувреме беше во прекин 15-тина минути поради бизарна ситуација, линиски судија доживеа нокаут.
Имено, во 14-та минута, фудбалерот на Келн, Макс Финкграфе, во обид да ја избие топката во аут пред домашниот фудбалер, го погоди директно во главата, линискиот судија Торбен Зивер.
Kto powiedział, że praca arbitra jest bezpieczna? Sędzia meczu Wolfsburg – Kolonia znokautowany. #domBundesligi pic.twitter.com/8OQ10MgxUz
— Viaplay Sport Polska (@viaplaysportpl) January 27, 2024
Несреќниот судија веднаш падна на теренот а откако му беше укажана лекарска помош, тој не беше во состојба да го продолжи мечот, поради што четвртиот судија Николас Винтер го зазеде неговото место.
Пропозициите на Бундеслигата дека мора да има и резервен судија, домаќинот преку официјалниот спикер на стадионот упати „јавен повик“ до навивачите да се јави некој кој малку подетално ги знае правилата од обичните фанови.
За среќа, на трибините се наоѓал поранешниот фудбалер во младинските категории на Волфсбург,а сега игра во аматерските лиги, Тобијас Крул, кој до крајот на мечот ја извршуваше улогата на четврти судија.