Судијата Дел Серо Гранде, после разговор со капитените на Кадиз и Барселона, на кои им ја објасни ситуацијата на трибините со повозрасниот навивач кој изгледа имаше срцев удар, ги испрати играчите на двата тима во соблекувална.
Откако фудбалерите се повлекоа, од Кадиз информираа дека мечот не е дефинитивно прекинат, и можеби ќе продолжи подоцна. Паузата трае речиси половина час, се чекаат нови информации за состојбата на навивачот.