Судијата кој ја делеше правдата во европското финале ја завршува кариерата

Холандскиот арбитер Бјорн Којперс ќе се пензионира по дербито меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен во холандскиот Суперкуп, кој е закажан за 7 август.

Арбитерот кој ја делеше правдата во финалето на Европското првенство меѓу Англија и Италија ја завршува дведецениската судиска кариера. За него европското финале беше круна на кариерата, по што доби огромен број позитивни критики, а во кариерата се појави на сите големи турнири.

Како позначајни дуели кои Којперс ги судел се: финалето во ЛШ меѓу Реал и Атлетико Мадрид во 2014 година, две финалиња во Лигата на Европа, во 2013 меѓу Челзи и Бенфика, како и во 2018 меѓу Марсеј и Атлетико Мадрид.

Беше главен арбитер во Суперкупот на УЕФА во 2011 година меѓу Барселона и Порто, како четврти судија беше дел од финалето на СП во Русија меѓу Франција и Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести