Судијата прекина меч и трчаше кон тоалетот, фановите „го утепаа“ со сеирџиски коментари (Видео)

Гледачите кои присуствуваа на нисколигашкиот фудбалски натпревар помеѓу аргентинските клубови Тиро федерал и Савер, имаа прилика да видат еден несекојдневен настан.

Во 80-тата минута од средбата, главниот судија го прекина мечот, во прв момент никој не знаеше зошто. Тој отрча кај помошникот од кого побара клуч од соблекувалната, а потоа со трчање се упати кон ВЦ-то да се олесни.

Тогаш веќе сите сфатија зошто мечот беше прекинат, а кога судијата се врати после десетина минути, мечот продолжи, а на адреса на арбитарот од трибините доаѓаа многу „скокотливи“ коментари.

- Оглас -

Најнови вести