Судијата што пред пет дена исклучи двајца играчи на Барселона, ќе ја дели правдата на Полска – Македонија

Антонио Мигел Матеу Лахос од Шпанија е назначен да биде главен судија за дуелот меѓу Полска и Македонија во Варшава. Лахос веќе долги години е арбитар со знакот на УЕФА и суди во најсилните европски натпреварувања, а често знае да биде и судија на дерби дуелите во шпанското првенство.

Лахос беше во центарот на вниманието пред само пет дена. Тој ја делеше правдата на мечот Барселона – Севилја. Каталонскиот гигант победи убедливо со 4:0, а Лахос пред крајот на мечот додели два црвени картони за домашниот тим.

Поради повлекување на противнички играч кој беше во ситуација да даде гол, директен црвен картон доби бекот на Барселона, Арухо. Повеќе играчи на каталонците протестираа, а веднаш потоа црвен картон доби и Дембеле. Ѕвездата на Барса беше исклучен бидејќи на Лахос неколку пати му рекол дека е многу лош судија.

Поради овие црвени картони, двајцата играчи на Барселона нема да може да играат во големото дерби против Реал Мадрид кое се игра на 26 октомври.

Останува да видиме како Лахос ќе си ја заврши работата на неделниот дуел во Варшава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести