Судијата што слави за голот на Ливерпул всушност и не е судија

Ливерпул вчера на возбудлив начин, со погодок во 90-тата минута стигна до победа од 2-1 во дербито против Тотенхем. Со тие три бода, Ливерпул повторно е лидер во Премиер лигата и има реални шанси да се радува на првата титула по пауза од три децении.

За погодокот со којшто Ливерпул стигна до победата се зборуваше многу, посебно откако камерите забележаа еден човек во јакна со знакот на EА (Electronic Arts, спонзор на Премиер лигата) како се радува на клупата. Веднаш започнаа шпекулации дека тоа е четвртиот судија, но сепак не е така.

Човекот кој седи на местото задолжено за судиите и носи јакна со знакот на ЕА каква што вообичаено носат арбитрите, всушност е масер кој е задолжен за судиите доколу им е потребна помош. Погледнете како делуваше ситуацијата кога Ливерпул го даде победничкиот гол и радоста на човекот за кого првично се веруваше дека е судија. 

 

- Оглас -

Најнови вести