Судијата задоцни да реагира и тоа беше кобно за боксерот кој почина (Видео)

Уште една тажна вест од спортот, овојпат од боксот. Таураи Зимунја, кој имаше само 24 години, почина како последица од тешкиот нокаут и силните удари кои ги доби во главата за време на саботната борба во Зимбабве.

Според многумина, трагедијата можела да биде избегната доколку судијата во рингот навремено реагирал и ја прекинел борбата. Од снимката која се појави, се гледа дека Таураи е зашеметен од неколку удари и дека само формално стои на нозе, додека противникот продолжува со жестоки удари. Коментарите се дека доколку судијата реагирал навремено, неколку силни удари немало да завршат во главата на несреќниот боксер и трагедијата можела да биде избегната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести