Судијка со глава ја удри руската тенисерка на Ролан Гарос (Видео)

Руската тенисерка Јулија Авдеева се најде во една несекојдневна ситуација кога на меч од Ролан Гарос доби удар со глава од страна на главната судијка. Во првото коло Авдеева играше против Коко Гауф од САД, беше убедливо поразена со 6:1, 6:1 на мечот кој ќе се помати по една чудна ситуација.

Руската тенисерка имаше забелешка за една топка дали е во аут или не, а кога на теренот се појави главната судијка, се случи немил инцидент. Судијката во обид да покаже каде завршило топчето, со главата ја удри тенисерката.

Авдеева во прв момент беше зашеметена, но го прифати извинувањето од судијката. Руската тенисерка заработи модринка на главата, но го продолжи мечот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurosport (@eurosport)

За Авдеева, која е на 208-мото место на ВТА-листата ова беше деби, односно прво учество  на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести