22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Судиската комисија во Шпанија призна грешка во корист на Барселона

Техничкиот комитет на шпанските судии пресуди дека еден од головите на Барселона во победата од 3-0 над Мајорка во првото коло од Ла Лига требало да биде поништен.

Според комитетот, голот на Феран Торес од 2-0 во 23-тата минута бил неправилно признат бидејќи еден од противничките играчи лежеше на тревата со сомнение за потрес на мозокот во тој момент и во такви ситуации правилото бара од судијата да ја прекине играта, но Хозе Мунуера Монтеро не го сторил тоа.

Фудбалерите на Мајорка веднаш го изразија своето незадоволство од одлуката, а ВАР немаше право да интервенира во таа ситуација.

Судискиот комитет анализираше неколку други контроверзни моменти. Меѓу нив беше и пеналот за Леванте на натпреварот против Барса, поништениот гол на Арда Ѓулер на Реал Мадрид – Мајорка, а одлуките беа оценети како правилни. Топката го удри Ѓулер во рака, по што тој даде гол, а интересно е дека ако Турчинот не бил стрелец, туку асистент и друг негов соиграч дадел гол, погодокот ќе бил признат, велат од комисијата.  

- Оглас -

Најнови вести