Супер кам-бек на Чурлинов во Штутгарт, даде гол за пресврт против првакот на Швајцарија (Видео)

Дарко Чурлинов имаше прекрасен кам-бек во Штутгарт и денеска на првиот меч по враќањето во клубот постигна гол во победата против Цирих.

Македонскиот репрезентативец играше една сезона како позајмен играч за Шалке 04, со кој обезбеди пласман во Бунделсигата, но клубот од Гелзенкирхен не го откупи неговиот договор, па мораше да се врати во Штутгарт.

Денеска влезе во игра на почетокот на второто полувреме во победата од 3:2 против првакот на Швајцарија и во 69. минута постигна убав гол за предност од 2:1.

Штутгарт губеше со 0:1 по првото полувреме, но со головите на Ахамада, кој погоди двапати и на Чурлинов направи пресврт и победи со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести