Супер обезбедување за супер дербито на Копа Америка

Битката помеѓу Бразил и Аргентина на Копа Америка утре наутро во 2.30 часот по македонско време ќе биде фудбалска, но полициски баталјони се подготвуваат за мечот да помине мирно и во најдобар ред. Подготовките околу обезбедувањето се во тек и се верува дека со 2 000 униформирани лица (полицајци и членови на агенции за обезбедување), организаторите ќе успеат да ја исполнат задачата.

На трибините на „Минеирао“ во Бело Хоризонте ќе има 62 000 навивачи, од нив околу пет илјади ќе бидат Аргентинци, но за нив нема посебен гостински сектор, туку веројатно ќе бидат раштркани на сите трибини и опасноста од инциденти на стадионот и околу него е голема.

Министерството за внатрешни работи на Аргентина доставило до бразилските колеги црна листа од хулигани кои се проблематични, па ако некој од нив се обиде да влезе на стадионот во Бело Хоризонте, ќе биде вратен.

- Оглас -

Најнови вести