Супер почеток на дербито во Барселона, спектакуларен гол на Жорди Алба (Видео)

Барселона и Атлетико Мадрид после само 10 минути игра постигнаа по еден гол на дербито во шпанската лига, а резултатот во средина на првото полувреме е 2-1 за Каталонците.

Гостите поведоа со гол на Караско, а изедначи левиот бек Жорди Алба со супер волеј, иако можеби и не ја закачи топката со делот на ногата со кој планираше да шутне. Лоша вест за Јорганџиите е што има една традиција според која, кога Алба дава гол на лигашки меч, Барса никогаш нема загубено.

Гави погоди за 2-1 за пресврт, но како играат двата тима, веројатно ќе има голеада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести