Суперкомјутерот на „Опта“ со 10.000 симулации пресмета дека најголеми шанси за освојување на Лигата на шампионите во фудбал сезонава има бранителот на трофејот, Манчестер сити.
Според прогнозата и пресметките на суперкомпјутерот, Сити има 99,9 отсто шанси да влезе во осминафинале, 83,8 отсто за место во четвртфиналето, 65,7 проценти дека овој тим ќе игра во полуфинале и 49,3 проценти шанси дека ќе биде финалист. Граѓаните имаат и 32,4 отсто шанси да го освојат трофејот, проценува компјутерот.
Според истите пресметки, втор фаворит е Реал Мадрид со 13,1 отсто шанси за титула, за Баерн Минхен шансите се 12,9 проценти, а потоа следуваат Арсенал, Интер, Барселона, Атлетико, Наполи, ПСЖ и Њукасл.
Манчестер сити е прв фаворит и според квотите во Sport Life. Но, квотите во најдобрата обложувалница во Македонија како втор фаворит го посочуваат Баерн, а како трет е Реал Мадрид. Зад нив се Арсенал, Барселона и ПСЖ.