Суперкомпјутер пресмета: Ливерпул ќе испадне во осминафиналето од ЛШ

Некои од англиските медиуми користат некаков суперкомпјутер за да се обидат да го одредат текот на некое натпреварување, па и сега го искористија за да пресметаат кои клубови ќе одат во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампиони.

При внесувањето на податоците, се користат разни статистики, а компјутерот при исфрлањето на резултатите, не донесе добри вести за Англичаните. Според него, дури три англиски тимови ќе испаднат, а понатаму ќе оди само Манчестер сити, кој игра со Реал Мадрид.

Суперкомпјутерот прогнозираше вака: Борусија – ПСЖ 1-2, 1-2, Реал – Манчестер с. 1-1, 1-3, Аталанта – Валенсија 1-1, 1-2, Атлетико – Ливерпул 1-0, 1-2, Челзи – Баерн 1-2, 0-2, Лион – Јувентус 1-2, 1-2, Тотенхем – Лајпциг 2-1, 0-1, Наполи – Барселона 0-3, 1-3.

Големо прашање е дали треба да му се верува бидејќи пред сезоната пресмета дека Реал Мадрид е главен фаворит, а сега вели дека Кралскиот клуб нема да стигне ниту меѓу осумте најдобри.

- Оглас -

Најнови вести