До почетокот на новата сезона во Премиер лигата остануваат уште десетина дена, а суперкомпјутерот на „Опта“ пресмета каков ќе биде изгледот на табелата во англискиот шампионат на крајот од првенството.
Ако може да му се верува на компјутерот, титулата ќе ја одбрани Ливерпул кој последната сезона доминантно стигна до трофејот. Во топ 4 нема да има промени бидејќи прогнозата е дека второто место повторно ќе го освои Арсенал, третото Манчестер сити, а четвртото Челзи.
Првата позначајна промена е на петтата позиција на која суперкомпјутерот пресмета дека ќе се најде Астон Вила, на местото на Њукасл кој таму заврши последната сезона.
Прогнозата е поразителна за Тотенхем и за Манчестер јунајтед кои повторно нема да бидат не само во конкуренција за европските купови, туку и во горниот дел од табелата. За Тотенхем е предвидено дури 14-то место, а за Ѓаволите се прогнозира 12-тото место.
Сепак, оваа прогноза секако мора да се земе со резерва бидејќи лани беше предвидено шампион да стане Манчестер сити, но Граѓаните на крајот го освоија само третото место.