Суперкомпјутерот пресмета дека за Реал Мадрид нема директно место во осминафиналето

Вечерва и утревечер ќе има возбудувања во рамките од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони. За првпат има 36 клуба кои се во една лига и сите се борат за продолжување во нокаут-фазата.

Според планираното, првопласираните осум ќе обезбедат место во осминафиналето, додека екипите кои ќе бидат од деветтото до 24 место ќе играат плејоф за влез во осминафиналето. Тие од 25 позиција до последното 36 место ќе го завршат настапот во Лигата на шампиони

По досега одиграните три кола, суперкомпјутер пресмета за сите екипи какви шанси имаат за место во следната фаза. Според пресметките, актуелниот европски првак Реал Мадрид не е во Топ 8 кои ќе играат директно во осминафиналето. Сепак, тоа не значи дека Кралскиот клуб нема шанси повторно да стигне до трофејот.

Англиското трио Ливерпул, Манчестер сити и Астон вила се главни фаворити за едно од првите осум места, а за пласман во осминафиналето најголеми шанси имаат и Интер, Арсенал, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Барселона.

Трите екипи каде што настапуваат македонски интернационалци се на позиции кои носат елиминација од ЛШ по групната фаза. Калкулациите велат дека Жирона ќе биде на 26-тото место, Динамо Загреб ќе заврши на 27-мото место, а Лајпциг дури на 29-тото место на табелата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести