Супертандемот „Надалкараз“ тргна со победа

„Надалкараз“ го мина првото коло во машки двојки на тенискиот олимписки турнир во Париз.

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкарас првпат играа заедно во дубл, но имаа доволно квалитет за да победат против шестите носители, Аргентинците Гонзалез и Молтени со 7-6, 6-4.

Надал утре треба да игра со Унгарецот Фучовиќ во сингл, а победникот од тој дуел во второто коло ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.

Надал може да има меч против Фучович и во двојки, доколку унгарскиот тандем Фучовиќ/Марожан биде подобар од Холанѓаните Грикспор/Колхоф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести