Сусо удри по седумкратниот европски првак: Клуб што често менува раководство не може да биде стабилен

Офанзивецот на Севилја Сусо, би сакал да остане во клубот и конечно да се ослободи од договорот со Милан по речиси пет години изминати во редовите на трофејниот италијански клуб. Шпанецот во изминатиот зимски преоден рок го напушти Милано и заигра за тимот кој го води Хулен Лопетеги, а позајмицата се надева дека ќе му заврши со перманентен трансфер.

Причина што Сусо не сака да се врати во Милан е начинот на кој функционира клубот.

„Милан не знае како да го оствари зацртаниот план.Често се менува во раководството, во стручниот штаб, во тимот. Во пет години се сменија тројца претседатели, а со такво раководење клубот не може да има стабилност и да остварува успех. Затоа би сакал да останам во Севилја, сметам дека имам поголеми шанси да освојам некој трофеј и да играм во Лигата на шампионите“, истакна Сусо.

Ексфудбалерот на Ливерпул го облече дресот на Росонерите во 2015 година, запиша вкупно 153 настапи во кои реализира 24 гола и 31 асистенција, додека освои само еден трофеј во италијанскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести