Светскиот шампион Олександр Усик уапсен во Полска, веднаш реагираше и Зеленски (Видео)

Апсолутниот светски боксерски шампион Олександр Усик бил уапсен на аеродромот во Краков откако транзитирал кон Валенсија, каде што треба да се подготвува за реваншот против Тајсон Фјури. Полските власти не ја соопштуваат причината за апсењето на боксерот, кој е национален херој, но веднаш по добиената информација, реагирал и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој испратил дипломати да го ослободат.

„Дојде до недоразбирање. Сè е брзо решено. Ви благодарам на сите кои се грижевте. Им благодарам и на украинските дипломати за ефикасната поддршка“, напиша Зеленски на социјалните медиуми.

https://twitter.com/AliBukhari10043/status/1836140370591133889?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1836140370591133889%7Ctwgr%5E7f894a34686af232a3de777f96e4333fe9d85a1a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fborilacki-sportovi%2Fuhapsen-bokserski-sampion-oleksandr-usik-odmah-intervenisao-i-ukrajinski-predsjednik%2F240918016

Официјалната верзија е дека се работи за недоразбирање, иако полските медиуми информираат дека Усик имал проблеми при влегувањето во авионот, а јазичната бариера и неговото однесување биле причина за апсењето. Олександр Усик за Валенсија патувал со својата сопруга.

- Оглас -

Најнови вести