Светскиот вицешампион се мачи со Мароканците во првиот дел

Селекциите на Хрватска и Мароко играат без голови по првото полувреме од првиот натпревар во групата Ф на Светското првенство што се одржува во Катар.

Иако во натпреварот Хрватска влезе како фаворит, Мароканците одиграа одлични 45 минути, во кои добро го чуваа голот. Мароканците им ја препуштија контролата на топката на Коцкестите (59:41), а тие се закануваа со опасни контранапади и брзи уфрлања на топката во шеснаесетникот на Хрватска, но без ефект.

Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Влашиќ во последната минута од првиот дел, кога од пет метри шутираше, но голманот Боно го одбрани неговиот удар.

Најзабележителен кај селекцијата на Мароко беше Хаким Зијех, додека кај Коцкестите тоа беше Јошко Гвардиол, кој со 20 години и 304 дена стана вториот најмлад репрезентативец на Хрватска кој бил со стартната постава на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести