Светските прваци се збунети – Едни велат да продолжиме со фудбал, а има доста што се противат

Француските фудбалски фактори имаат различно мислење за тоа дали да се продолжи сезоната што е прекината поради пандемијата со корона-вирусот или да се стави крај на неизвесноста и воопшто да не се доигра.

Има различни мислења, а секако фудбал во земјата на актуелните светски прваци нема да има до 11 мај, до кога е прогласен карантин во Франција.

„Во овој момент е тешко да се предвиди како, кога и дали ќе можеме да играме фудбал во скоро време. Голем дел од нас фудбалерите стравуваме од повреди бидејќи не сме во полн тренажен процес. Ако се создадат максимални услови за натпревари, без ризик од повреди и зараза со корона-вирус, тогаш даваме поддршка да се продолжи сезоната. Но, никаков ризик не смее да постои што би можело да го загрози здравјето на фдубалерите“, го објавија својот став од Синдикатот на професионални фудбалери во Франција.

Дел од тренерската фела е за да се доигра сезоната, а меѓу нив е и познатиот Руди Гарсија, сега тренер на Лион, додека има и дел од стручњаците што се против, како на пример: тренерите на Брест и на Дижон.

Челнците на Лига 1 и на Лига 2 што раководат со двете најквалитетни фудбалски натпреварувања во Франција едногласно одлучија да се разгледа можноста сезоната да продолжи на 17 јуни и да заврши до 25 јули. Како проектиран старт на новата сезона 2020/21 е 22 август, но засега се чека препорака од Здравствените власти во Франција за да се реализира планот.

- Оглас -

Најнови вести